Секој 4-ти ден се случува по едно сексуално кривично дело

  • last year
Секој 4-ти ден се случува по едно сексуално кривично дело
02.05.2023

Секој 4-ти ден се случува по едно сексуалсно кривично дело. Во оваа статистика спаѓа и 8-годишното дете чија мајка откри дека било силувано од две другарчиња на возраст од 10 и 13 години во една скопска населба. Грозоморниот случај се уште се истражува, но сигурно е дека малите насилници не може да одговараат кривично. Додека статистиката покажува тенденција на намалување на вакви кривични дела, истовремено се спушта возраста на жртвите, но и на сексуалните престапници.

За намалување или искоренување на овој проблем потребно е повеќе работа со децата уште од најрана возраст. Образованието е клучно.

Според статистиката на МВР последната деценија, речиси секоја година троцифрен е бројот на кривичните дела против половата слобода. Највисоки бројки се во графите: силување и полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Од 2013-та тенденцијата покажува намалување на вакви кривични дела, единствено во првата година од пандемијата има зголемување на бројките. Во првите три месеци од 2023-та имало 10 силувања и 3 полови напади врз деца. Од друга страна, се зголемува зголемува бројот на кривични дела поврзани со половата слобода на децата преку интернет. Од јануари до април имало три случаи на детска порнографија, за кои не се откриени сторителите.

Тамара Марковска

Recommended