ЗМИЈАНАЦ Дигитално образование, далеку од реалноста

  • 3 years ago
ЗМИЈАНАЦ: Дигитално образование, далеку од реалноста
Министерката за образование Мила Царовска уверува дека учебниците и дидактичкиот материјал во дигитална форма ќе бидат збогатени со мултимедиални содржини а придобивките ќе ги видат и професорите и учениците.
Детската амбасада „Меѓаши“ проценува дека е рано да се зборува за општо дигитално образование. Според Змијанац, во овој случај учениците со тешка економска состојба ќе бидат дискриминирани кога станува збор за постигнување на знаења.
„Загрижува опасноста од дополнително класно раслојување и нееднаквост што ќе произлезат од разликите во економските можности на родителите, зачнато со неможноста дел од нив да обезбедат компјутери или таблети за следење настава на своите деца. Најавата дека државата ќе биде одговорна секое дете да има пристап до уред, за жал се покажа неточна.

Државата не успеа да обезбеди доволен број уреди па децата истите ги добиваа преку индивидуални донации но и преку заеднички акции.“ - велат од Меѓаши.

И од првата детска амбасада Меѓаши велат дека за промени е потребно време и анализи за да се дискутираат можните проблеми од кои ќе се видат позитивните и негативните страни.
Во врска со прашањето за воведување електронски учебници, Детската амбасада МЕЃАШИ смета дека генерално преовладува чувството дека Министерството за образование и наука пребрзо оди кон одредени промени, без да остави време да се дискутираат можните проблеми, без да посвети внимание на грижите кои ги имаат родителите, старателите или други засегнати страни и без да се тестира во помал обем за да се видат позитивните и негативните страни.

Recommended