www.Ohrid1.com ВИОЛЕТА ПИРУЗЕ ТАСЕВА, СВЕТЛАНА ХРИСТОВА ЈОСИЌ И ЈОАНА ПОПОСКА

  • 9 years ago
МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ: ВИОЛЕТА ПИРУЗЕ –ТАСЕВСКА, СВЕТЛАНА ХРИСТОВА – ЈОЦИЌ И ЈОАНА ПОПОСКА

Во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената „Охрид1 “ се определи аудио – форматот МОЈОТ ЖИВОТ , МОЈОТ СВЕТ да биде колаж од три разговори кои годиниве наназад ги реализираше нашиот новинар Милчо Јованоски. Во сите три разговори доминира силата на жената, креативната енергија, нејзиниот посебен дух и космополитизам.
Трите засебни интервјуа како лајт мотив го имаат Охрид.
Разговорот со д-р Виолета Пирузе – Тасевска една од ќерките на Петре Пирузе – Мајски која е професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје одблиску ќе ве запознае со нејзините сеќавања сврзани со татко и’ животот во Охрид и охридските корени.
Слична е и приказната со за жал веќе покојната позната македонска поетеса Светлана Христова- Јоциќ . По тако од Велгоштги, по мајка од Ресен. Освен за сопственото творештво, детство и младост, таа во Струга на Струшките вечери на поезијата во август 2011 година ни раскажуваше за животот со нејзиниот прв сопруг познатиот Петре М. Андреевски.
Година пред тоа на 50 јубилејно „Охридско лето’ снимено е интервјуто со познатата македонска актерка Јоана Поповска , по потекло од Битола. Во извадокот од разговорот и Поповска од свој аспект говори за нејзините ликови кои маестрално ги одиграла, а ги напишал писателот Петре М. Андреевски. Јоана до таа 2010 година седум пати беше прогласена за „Актер на Европа“.

Разговараше: Милчо Јованоски

Recommended