Познатата хрватска глумица Долорес Ламбаша загина во средата наутро на истата делница на автопатот А3 на која во 2007 година го загуби животот македонскиот пејач Тоше Проески,___ Долорес Ламбаша загина кај Велика Копаница во 6.30 мин. наутро, а пред шест години само шеесетина километри подалеку во насока кон Загреб загина и 26-годишниот Тоше Проески. Автомобилот во кој била Долорес, а со кој управувал нејзиниот колега Стојан Матавуљ, директно се судрил со друго патничко возило, при што и двата автомобила слетале од патот. Возачите добиле полесни повреди, на Стојан му е направен тест на крвта, а глумицата со тешки повреди на градите и стомакот била префрлена во ургентниот центар во Славонски Брод, каде што во 14 часот им подлегнала на повредите.
Category
🎵
Music